мај 11, 2026

150 срца – една иста цел: Активно, квалитетно и достоинствено стареење

Во духот на хуманоста, солидарноста и грижата за повозрасните лица, на 11.05.2026 година е реализирана заедничка средба на околу 150 корисници од Центрите за дневен престој на стари лица со активно стареење „Даре Џамбаз“ и „Чаир“ – Скопје со корисниците на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење – Кр. Паланка.

Настанот претставуваше можност за дружење, размена на искуства и зајакнување на меѓусебните пријателства, потврдувајќи дека активното стареење подразбира исполнет, достоинствен и општествено активен живот.

Во рамките на еднодневната посета, учесниците имаа можност да го посетат Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, Градскиот музеј, како и да уживаат во прошетка покрај кејот на Крива Река, градскиот плоштад и Градскиот парк.

Денот беше исполнет со искрени насмевки, позитивна енергија и топли разговори, создавајќи нови спомени и вредни моменти на заедништво. Ваквите активности имаат значајна улога во поттикнувањето на социјалната вклученост, активното учество и подобрувањето на квалитетот на животот на повозрасните лица.

Црвениот крст и понатаму останува посветен на креирање програми и активности кои придонесуваат за активно, квалитетно и достоинствено стареење, поттикнувајќи меѓусебна поддршка, почит и солидарност во заедницата.

Tags: ,
< врати се назад