август 20, 2026
„Еуроп Раид 2026“ – Хуманоста патува низ Европа
И оваа година Oпштинската организација на Црвен крст Крива Паланка беше дел од мисијата на „Еуроп Раид“ – уникатна авантура која ги спојува патувањето, пријателството, солидарноста и хуманоста. Со особена чест е обезбедена логистичка поддршка за учесниците и даден придонес кон успешно реализирање на оваа хуманитарна мисија. Нашиот ангажман беше уште една можност да покажеме дека кога се здружуваат луѓето со заедничка цел, секој километар добива посебно значење.













































