август 25, 2026

Хуманоста не познава високи температури – собрани 96 крвни единици

На 25.08.2026 година, успешно беше реализирана крводарителска акција на Општинска организација на Црвен крст Крива Паланка, во соработка со НУ Центар за култура – Крива Паланка.

И покрај високите летни температури, акцијата помина во духот на хуманоста, солидарноста и општествената одговорност, при што беа собрани 96 крвни единици. Секоја крвна единица претставува драгоцен придонес во спасувањето човечки животи и помагањето на оние на кои им е најпотребна.

Црвениот крст – Општинска организација Крива Паланка упатува искрена благодарност до сите крводарители за нивниот хуман гест, како и до НУ Центар за култура – Крива Паланка за соработката и поддршката во реализацијата на акцијата.

Tags: , ,
< врати се назад