април 15, 2026
Хуманоста повторно се покажа во најубаво светло
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка на ден 15.04.2026 година во сала при СОУ ,,Ѓорче Петров’’ успешно организираше и реализира крводарителска акција, покажувајќи дека хуманоста се докажува со дела. Во рамки на акцијата беа собрани вкупно 39 крвни единици, со учество на 25 машки и 14 женски лица. Особено значајно е што 7 лица за прв пат даруваа крв, покажувајќи храброст и солидарност. Акцијата е помината во позитивна атмосфера и истата беше наменета зa учениците во средното училиште како и сите вработени од образовниот сектор, вклучувајќи и кадар од други училишта.


< врати се назад










































