Хуманоста во акција – 88 крводарени крвни единици
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, реализираше крводарителска акција во салата на Црвениот крст во Крива Паланка.
На акцијата беа собрани вкупно 88 крвни единици, благодарение на хуманоста и солидарноста на крводарителите, од кои 58 мажи и 30 жени. Посебно нè радува што меѓу нив имаше и 4 нови херои, кои за првпат даруваа крв и направија значаен чекор кон спасување човечки животи.
Со секоја дарувана крв се дава надеж и се создава можност за спасување нечиј живот. Ваквите акции ја потврдуваат важноста на доброволното крводарителство и заедничката грижа за здравјето и животот на луѓето.
Црвениот крст – ОО Крива Паланка упатува искрена благодарност до сите крводарители за нивната хуманост, несебичност и подготвеност да помогнат.















< врати се назад










































