јули 17, 2026

Изложба на најдобрите ликовни творби и доделување награди на конкурсот „Капка што спасува живот“

По повод завршувањето на ликовниот конкурс на тема „Капка што спасува живот“, во организација на Црвен крст беше организирана изложба на најдобрите ликовни творби, проследена со свечено доделување награди и благодарници за најуспешните учесници.

Конкурсот им овозможи на учениците преку својата креативност и уметнички израз да ја пренесат хуманата порака за значењето на доброволното крводарителство и солидарноста.

Во категоријата средношколци од СОУ „Ѓорче Петров“ беа наградени:

  • 🥇 I место – Анамарија Ангеловска
  • 🥈 II место – Марјана Стојановска
  • 🥉 III место – Михаела Стојановска

Во категоријата основци беа наградени:

  • 🥇 I место – Алексеј Трајковски, ООУ „Х. Т. Карпош“
  • 🥈 II место – Јована Алексовска, ООУ „Илинден“
  • 🥉 III место – Драгана Давитковска, ООУ „Св. Јоаким Крчовски“

Црвен крст упатува искрена благодарност до сите ученици и нивните ментори за учеството, вложениот труд и придонесот во подигнувањето на јавната свест за важноста на доброволното крводарителство.

Преку уметноста, хуманоста и заедништвото испративме силна порака дека секоја дарувана капка крв може да спаси човечки живот.

Посебна благодарност упатуваме до НУ Центар за култура – Крива Паланка за поддршката, успешната соработка и отстапениот простор за реализација на изложбата.

Tags: , ,
< врати се назад