Крводарителство – срце што дарува, живот што продолжува
Доброволното крводарителство е еден од највисоките изрази на хуманост, солидарност и општествена одговорност. Секоја дарувана единица крв претставува надеж, можност за лекување и шанса за спасување на човечки живот.
По повод 17 Март Денот на крводарители , со искрена почит и благодарност им оддаваме признание на сите крводарители – хумани луѓе кои несебично даруваат дел од себе за доброто на другите. Нивната благородност и подготвеност да помогнат се темел на безбедниот и континуиран систем на снабдување со крв и инспирација за целата заедница.
Особена благодарност упатуваме и до волонтерите, партнерските институции, компаниите и сите наши соработници и поддржувачи, чија посветеност и заеднички ангажман овозможуваат оваа благородна мисија успешно да се развива и да допре до сè поголем број граѓани.




< врати се назад










































