октомври 7, 2026

Недела на младите 2026: „И јас (можам да) сум волонтер“

Клубот на млади при Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, со низа едукативни, креативни и интерактивни активности, ја одбележа Неделата на младите 2026, под мотото „И јас (можам да) сум волонтер“.

Преку отворени денови, Форум на млади, интерактивни игри и активности за дружење и тимска работа, младите имаа можност да се запознаат поблиску со волонтерството, хуманите вредности и мисијата на Црвениот крст, како и со можностите за активно вклучување во работата на организацијата.

Посебен акцент беше ставен на поттикнувањето на младите да бидат активни учесници во заедницата, да развиваат чувство на солидарност, хуманост и меѓусебна поддршка и да придонесуваат кон создавање позитивни промени.

Преку овие активности, Црвениот крст – Општинска организација Крива Паланка продолжува да ја поттикнува младинската иницијатива, да го промовира волонтерството и да создава можности за младите да ги развиваат своите способности, да стекнуваат нови искуства и да бидат дел од хумани приказни.

Затоа што секој млад човек има потенцијал да направи промена, а заедно можеме да изградиме похумана, посолидарна и поактивна заедница!

Tags: , ,
< врати се назад