јуни 20, 2026

Превентивна здравствена акција во соработка со Здружението на пензионери – Крива Паланка

На 20 јуни 2026 година (сабота), Општинската организација на Црвен крст – Крива Паланка, во соработка со Здружението на пензионери – Крива Паланка, успешно реализираше превентивна здравствена акција насочена кон унапредување на здравјето и подигнување на свеста за значењето на превентивната здравствена заштита.

Во рамките на акцијата, на граѓаните им беа овозможени бесплатни проверки на нивото на шеќер во крвта и мерење на крвниот притисок, како и дистрибуција на информативни едукативни флаери со совети за зачувување и унапредување на здравјето. Дополнително, беа поделени шишиња со вода како поддршка за учесниците во акцијата.

Со здравствените услуги и едукативните активности беа опфатени вкупно 187 граѓани, што претставува показател за високиот интерес на заедницата за превенција и навремена грижа за сопственото здравје.

Општинската организација на Црвен крст – Крива Паланка упатува искрена благодарност до сите волонтери, негуватели и партнери кои со својата професионалност, посветеност и ангажман придонесоа за успешната реализација на оваа активност.

Преку ваквите превентивни акции, Црвениот крст продолжува да ја исполнува својата хуманитарна мисија, промовирајќи здрави животни навики, превенција од заболувања и поголема грижа за здравјето на сите граѓани.

Tags: , , , , ,
< врати се назад