август 11, 2026
Заедно против топлотниот бран – грижа, превенција и заштита
Во рамки на активностите за превенција и заштита на населението од високите температури и последиците од топлотниот бран, Општинска организација на Црвен крст Крива Паланка на ден 06.08.2026 година во Градски парк Крива Паланка реализираше активности насочени кон информирање, превенција и унапредување на здравјето на граѓаните. Во текот на активноста:
- Поделена флаширана вода на граѓаните, со цел да се поттикне редовната хидратација во услови на високи температури.
- Поделени едукативни флаери со препораки за заштита од топлотен бран, со совети за правилно однесување, хидратација, избегнување директна изложеност на сонце и препознавање на симптомите поврзани со топлотен стрес.
- Бесплатна проверка на крвниот притисок и шеќерот во крвта, преку која граѓаните имаа можност навремено да ги проверат основните здравствени параметри и да добијат совети за грижа за сопственото здравје во периодот на високи температури.
Со активностите беа опфатени околу 200 лица, на кои им беа обезбедени вода, информативно-едукативни материјали и можност за бесплатна здравствена проверка.
„Летото носи сонце и топлина, а нашата грижа носи сигурност.“














































