Прошетка и посета на манастирот „Св. Троица“ во Петралица –дружење, релаксација и активно стареење
Во рамки на активностите на Центарот за дневен престој на стари лица со активно
стареење, на ден 26.08.2026 година беше реализирана прошетка и посета на манастирот „Св.
Троица“ во Петралица, Крива Паланка.
Корисниците имаа можност да уживаат во пријатна прошетка, дружење и престој во
мирната и природна околина на манастирот. Посетата претставуваше можност за релаксација,
разговор, размена на искуства и заедничко поминување на времето во позитивна и пријатна
атмосфера.
Во текот на активноста, корисниците имаа можност да се запознаат со манастирот „Св.
Троица“, неговото духовно и културно значење, како и да уживаат во природните убавини и
спокојот што ги нуди околината. Преку непосредниот контакт со природата и заедничкото
дружење, учесниците се поттикнаа на активно учество, разговор и меѓусебно поврзување.
Преку организирање прошетки, посети, дружења и други социјални и рекреативни
активности, Центарот создава можности корисниците да го поминуваат слободното време на
квалитетен и исполнет начин, да воспоставуваат и одржуваат социјални контакти и да стекнуваат
нови позитивни искуства.
Ваквите активности се од особено значење за унапредување на концептот на активно
стареење, кој подразбира создавање можности лицата во повозрасна возраст да останат физички
активни, социјално вклучени и психички ангажирани. Активното стареење придонесува за
зачувување на самостојноста, подобрување на квалитетот на животот и одржување на чувството
на припадност и корисност во заедницата.













































