мај 9, 2026

Регионален натпревар „Прва помош во урбана средина“

На 9 мај 2026 година, во Прилеп се одржа Регионалниот натпревар „Прва помош во урбана средина“, на кој учествуваа 14 екипи од различни општински организации на Црвен крст.

Екипата на Крива Паланка го освои шестото место, покажувајќи солидно знаење, брза реакција и одлична тимска координација при решавањето на сите симулирани ситуации. Натпреварот претставуваше одлична можност за проверка и унапредување на практичните вештини за укажување прва помош, како и за промоција на хуманите вредности и тимската работа.

Упатена е искрена благодарност до Општинската организација на Црвен крст Прилеп за успешната организација на натпреварот, топлото гостопримство и позитивната атмосфера, кои придонесоа за успешно реализиран настан.

Tags: , ,
< врати се назад