април 15, 2026

Црвен крст поблиску до младите – учество на Ден на кариера

           Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка зема учество во ,,презентација на проекти и Ден на кариера’’ одржан на ден 15.04.2026 година во СОУ ,,Ѓорче Петров’’. Настанот беше наменет за матуранти од СОУ ,,Ѓорче Петров’’ исто така и гости беа ученици од средни училишта од Пробиштип и Кратово, со цел нивно информирање и запознавање со различни можности за понатамошен развој и ангажман.Во рамки на настанот, преку поставен штанд, презентација и информативни флаери се претставени активностите, проектите и можностите во самата организација.Целта на настанот е зајакнување на хуманоста, презентирање на тековните активности, програми и активно учество во заедницата.

< врати се назад