јули 23, 2026

Успешно реализирана крводарителска акција во чест на МВР и граѓанството

На 23.06.2026 година, во просториите на НУ Центар за култура – Крива Паланка, успешно беше реализирана крводарителска акција организирана во чест на Министерството за внатрешни работи и граѓанството.

Акцијата беше одбележана со значителен одѕив на хуманите граѓани, при што беа собрани вкупно 104 крвни единици. Во акцијата учествуваа 30 жени и 74 мажи, кои со својата хуманост и несебичност дадоа непроценлив придонес во спасувањето човечки животи.

Искажуваме искрена благодарност до сите крводарители за нивната хуманост, солидарност и подготвеност да помогнат. Вашата дарувана крв претставува надеж и нова шанса за оние на кои им е најпотребна.

Tags: , ,
< врати се назад