Век исполнет со животни приказни – 100 години на нашата највозрасна корисничка
Со голема радост и почит, денес го одбележавме 100-иот роденден на највозрасната корисничка на услугата „Помош и нега во домот“, која Црвениот крст ја обезбедува во рамки на своите социјални услуги. Овој редок и значаен јубилеј е повод да ѝ оддадеме признание за нејзиниот долг животен пат, исполнет со мудрост, достоинство и истрајност.
Овој исклучителен јубилеј е потсетник за важноста на грижата, почитта и вниманието што им ги посветуваме на повозрасните лица. Нејзината животна истрајност и богатото животно искуство претставуваат инспирација и сведоштво за вредностите што ги негуваме како заедница.
Црвениот крст останува посветен на обезбедување квалитетна поддршка за повозрасните лица преку услугата „Помош и нега во домот“, со цел да им овозможи поквалитетно, побезбедно и подостоинствено секојдневие во нивниот дом.
Им го честитаме овој редок и значаен јубилеј, со искрени желби за добро здравје, спокој и уште многу моменти исполнети со радост и внимание од најблиските.


< врати се назад










































