Во духот на активното стареење: Крушево како инспирација за нови доживувања
На ден 22.07.2026, во рамки на активностите за промоција на активното стареење и подобрување на квалитетот на животот на корисниците, беше реализирана еднодневна рекреативно-едукативна прошетка во Крушево.
Посетата започна со разгледување на манастирот „Свето Преображение“, по што следуваше обиколка на Македониумот (Споменик Илинден) – еден од најзначајните симболи на македонската историја. Во продолжение, учесниците ја посетија Спомен-куќата и гробот на Тоше Проески, оддавајќи почит кон неговото дело и наследство.
Активноста им овозможи на корисниците да се дружат, да го збогатат своето слободно време и одблиску да се запознаат со богатото културно-историско и духовно наследство на Македонија.
Прошетката беше успешно реализирана и целосно ги исполни поставените цели. Корисниците изразија големо задоволство од организацијата, програмата и можноста да посетат значајни знаменитости, истакнувајќи дека ваквите активности придонесуваат за нивната социјална вклученост, активност и благосостојба.



< врати се назад










































